Трет „врзан“ триумф по ред на ПСЖ во француското првенство, откако вечерва на свој терен го победи тимот на Тулуз со 3-1, и ја продолжи битката за одбрана на титулата во француската Лига 1.
Дембеле со два гола и еден гол на Рамос за голема победа на „Светците“ и добра увертира пред мечот со Ливерпул во 1/4 финалето во ЛШ.
Дембеле во 23. минута го отвори резултатот. Сепак, Тулуз се врати со голо на Николаисен кој оди на „душа“ на голманот Сафонов. Но, тука е Дембеле да ги поправи грешките, и во 33. минута донесе нова предност.
Во вториот дел Рамос во судиското надополнување само стави точка на оваа победа на избраниците на Луис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

