ПСЖ славеше во Сегед и направи голем чекор кон четвртфинале во ЛШ

Ракометарите на Пари Сен Жермен направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва славеше на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед со … во првиот меч од осминафиналниот двомеч во елитата.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса беа подобри гостите кои на пауза заминаа со позитива од 13-14.

Во вториот дел избраниците на Раул Гонзалез го контролираа мечот, а во неколку наврати имаа и позитива од четири гола. Сепак, Унгарците успеаја да изиграат за своето достоинство па на крајот пoразот изнесуваше само еден гол разлика 30-31.

Камил Сипжак со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лазар Кукиќ постигна шест гола.

Се вчитува...