Францускиот првак Пари Сен Жермен отпочнува преговори за ангажман на репрезентативецот на „триколорите“, Нголо Канте. Дефанзивниот играч за врска на Челси е еден од најдобрите во светот на својата позиција, а тоа го знае и Томас Тухел, новиот тренер на ПСЖ. Посакува да го види Канте во својот тим од следната сезона.
Емисарите на Пари Сен Жермен заминаа на преговори во Лондон, а понудата на „светците“ изнесува 100 милиони евра. Тухел сака да ја има најдобрата замена за Тијаго Мота, кој се прости од активното играње фудбал и во иднина ќе биде тренер во младинската академија на ПСЖ.
Челси следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите и тоа е надежта за Пари Сен Жермен да го убеди Канте да пристигне на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА