ПСЖ со гол-шоу го среди Монако

Дуелот на двете најефикасни екипи во францускиот шампионат очекувано донесе интересен фудбал, а на крајот се радуваше шампионот ПСЖ, кој ја доби пресметката со Монако со 5-2.

Натпреварот почна со две големи голмански грешки, Рамос налета на испуштена топка од гостинскиот чувар на мрежата и го доведе ПСЖ во предност, а Монако израмни преку Минамино по огромниот подарок што јапонскиот репрезентативец го доби од Донарума.

Дембеле одигра важна улога за оваа победа на „светците“, над екс-фудбалерот на Барселона беше направен пеналот што Мбапе го претвори во водство од 2-1, пред самиот Дембеле да постигне убав погодок од контранапад за 3-1. Печат на победата на ПСЖ стави Витиња со еврогол од дваесетина метри, најубав момент на натпреварот. На 4-2 намали Балогун, а конечните 5-2 во 95. минута од натпреварот ги постави „резервистот“ Коло Муани.

„Светците“ од Париз се зацврстија на првото место со 30 бода, пред Ница со 26 и натпревар помалку, додека Монако е третопласиран со 24 бода на своето салдо.

Се вчитува...