ПСЖ со неодолива понуда до Мбапе – Реал Мадрид немоќен

Килијан Мбапе сè уште е една од главните теми во светскиот фудбал. Тој одигра неверојатен натпревар против Барселона во Лигата на шампионите, постигнувајќи три гола. Сега, челниците на Пари Сен Жермен размислуваат за нова боагата понуда, а со овој план сакаат долгорочно да го задржат Мбапе во своите редови!

Не е тајна дека Реал Мадрид е клуб кој со години се споменува како најзаинтересиран да го донесе Мбапе во своите редови, но во Париз воопшто не сакаат да зборуваат за тоа. Сега медиумите во Франција и Шпанија ги наведуваат сите детали од тој план на ПСЖ, како да го убедат Мбапе да продолжи да игра на „паркот на принцовите“ уште многу години.

„Ле Паризиен“ наведува дека никој нема да може да го донесе Мбапе за помалку од 200.000.000 евра, но за нив е уште поважно Французинот да потпише договор со клубот, бидејќи сегашниот му истекува во јуни 2022 година. Во моментов Мбапе заработува 21.000.000 евра нето по сезона.

Сепак, се наведува дека Мбапе сака неговата плата да биде на исто ниво со онаа на Нејмар, односно 36.000.000 евра нето. Реал Мадрид не може да го понуди сето тоа, особено затоа што има и финансиски проблеми, но може да му понуди на Мбапе поголем процент на заработка од таканаречените „имиџ права“, кои не се вклучени во официјалниот износ на плата.

Се вчитува...