Екипата на ПСЖ продолжува да владее со францускиот фудбал, откако вечерва во финалето во Кувајт го победија Олимпик Марсеј по изведување на пенали со 4-2. Регуларниот дел заврши 2-2, во невидена драма во која Олимпик Марсеј беше пред триумф со пресврт, но Рамош го спаси тимот од Париз со гол во петата минута од судиското надополнување.
Усман Дембеле најдобро се снајде во шесенаестникот по додавање на Витиња, и во 13. минута го доведе ПСЖ во предност. Имаше Марсеј шанси да израмни, но не успеа да дојде до него во првиот дел, но тоа им успеа во вториот.
Гринвуд од пенал во 76. минута донесе израмнување, а автоголот на Пачо во 87. минута ги израдува навивачите на Марсеј, и им даде надеж дека може да дојдат до трофејот. Сепак, Рамош во 95 минута успеа да донесе пенали.
Таму Рамош и Витиња беа сигурни во првите две серии, додека промашија О’Рајли и Траоре, односно Шевалие им одбрани. Тоа им даде голема предност на тимот на ПСЖ, кој успеа да продолжи да погодува и во следните две серии, за Дуе во четврата серија и дефинитивно ја запечати конечната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

