ПСЖ со отворени раце го чека Винисиус

Иднината на Винисиус во Реал Мадрид е сериозно доведена во прашање поради неуспехот во преговорите за нов договор меѓу Бразилецот и „кралскиот клуб“, а ситуацијата дополнително се искомпликува откако ПСЖ реши да се вклучи во трката по оваа фудбалска суперѕвезда.

Аткуелниот договор на Винисиус истекува во јули 2027 година, а од Реал веќе порачаа – тој мора да потпише нов договор до јуни годинава, во спротивно ќе биде продаден. Бразилецот не е премногу загрижен од ваквите закани, напротив – последните информации говорат дека тој самиот испратил ултиматум до Флорентино Перез, до април да бидат прифатени неговите барања, во спротивно тој самиот ќе инсистира на летен трансфер.

Голгетерот бара над 20 милиони евра годишна плата од Реал, максималната понуда на Перез изнесуваше 18 милиони евра по сезона, а целата ситуација будно ја пратат челниците на ПСЖ.

„Светците“ со раширени раце го чекаат Винисиус, спремни да му платат 100 милиони евра на Реал за да го доведат Бразилецот на „Паркот на принцовите“ уште пред летниот мундијал. За Вини е подготвена понуда од 25 милиони евра годишна плата, повисока сума од онаа што ја бара од Реал, што според шпанските медиуми е и една од главните причини поради која тој ги одолговлекува преговорите со „кралевите“.

Со оглед на затегнатите односи меѓу клубовите уште од преговорите за Килијан Мбапе, ќе биде интересно да се види дали овие тимови ќе најдат заеднички јазик…

Се вчитува...