Бразилецот Нејмар и уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани многу брзо ќе бидат „најдобри другарчиња“ во дресот на ПСЖ, откако раководството на клубот им понуди специјални парични бонуси, доколку не манифестираат меѓусебно нетрпение на натпреварите на „светците“. Но, доколку им се повтори сличен инцидент, како караницата за изведување на пеналот против Лион, тогаш и двајцата ќе бидат драстично казнети.
Раководството на ПСЖ е научено се да решава со пари, па така и во овој случај реши дополнително да ги мотивира своите фудбалери. И двајцата ќе мора да го намалат своето его, и да почнат да функционираат тимски во наредниот период. Се разбира, и за тоа ќе бидат богато наградени.
Нејмар му побара на Кавани да го шутира пеналот против Лион во триумфот од 2-0, но Уругваецот го одби тоа, истакнувајќи дека тој е прв „пеналџија“ во тимот. По ова, медиумите во Франција пишуваа дека Нејмар дури побарал од раководните луѓе на клубот да го продадат Кавани во јануари. Но, сепак, парите по се изгледа дека повторно ќе решат се…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА