ПСЖ уште еднаш демонстрираше моќ во француското првенство откако тимот на Луис Енрике стигна до моќна победа на гостувањето против Брест со 2-5.
Тимот што лани беше најпријатно изненадување во Франција овојпат немаше сили за изненадување, а интересно што овие два тима ќе се сретнат во 1/16 финалето од ЛШ во текот на овој месец, но „светците„ јасно покажаа зошто важат за фаворити во овој двомеч.
Во главна улога беше Дембеле, кој со хет-трик ги постигна првите три гола за ПСЖ на натпреварот, Брест не се предаде и стигна до 2-3, но шампионот сеоак стигна до убедлива победа со двата погодоци на Гонсало Рамос постигнати во 89. и во 95. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА