ПСЖ со пресврт во второто полувреме до триумф против аутсајдерот Фредериција

Ракометарите на ПСЖ ја оправдаа фаворитската улога и триумфираа (32-38) на гостувањето против „фенерџијата“ Фредериција во 12. коло од Групата А во Лигата на шампионите, во која е и македонскиот шампион Пелистер.

Французите неочекувано се мачеа во првото полувреме кое им припадна на Данците ссо 17-16.

Но, во вториот дел далеку подобра игра на фаворитот за заслужен триумф на крајот од 32-38. Полјакот Сипжак со 10 гола и Французинот Пранди со шест погодоци беа најдобри поединци кај ПСЖ, а Бисгард со шест гола беше најдобар кај Фредериција.

Се вчитува...