ПСЖ со минимална победа од 1-0 го пречека Брест на домашен терен во рамки на 7-то коло од француската Лига 1.
Парижаните несомнено стартуваа офанзивно уште од првата минута, но наидоа на противник кој беше одличен во дефанзивата. Сепак, работите се променија во 25. минута, кога играчот на Брест, Кристоф Херел направи непромислен старт по кој доби директен црвен картон. По само пет минути игра, следуваше акција меѓу тандемот Меси и Нејмар Нејмар , Бразилецот со фантастична завршница донесе прво водство за својот тим.
Домаќините одиграа мирна и рутинска завршница, со целосен посед на топката го запечатија новиот триумф во Лига 1, вреден за нови три бода и моментален „смештај“ на лидерското место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА