ПСЖ го декласираше составот на Тулуз со 3-6, покажувајќи дел од формата со која „светците“ во голем стил ја завршија ланската сезона во која освоија се што можеше да се освои.
Луис Енрике мора да биде задоволен пред се од нападот, по шесте постигнати погодоци на гостински терен, но и ќе бара од неговите фудбалери да ја научат лекцијата да не се опуштаат предвреме, за да му дадат шанса на противникот трипати да го матира голманот Шевалие.
Почетокот мина во знакот на гостите, поточно на Жоао Невес кој до 15. минута постигна два еврогола со ножички. Еднаш прецизен беше Баркола, Дембеле реализираше пенал и ПСЖ на одмор замина со 1-4. Дембеле повторно беше прецизен од белата точка и во второто полувреме за 1-5, на 1-6 зголеми Невеш со својот трет погодок, пред Тулуз во финишот да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

