Ракометарите на Пари Сен Жермен стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб од 24-35 во првиот натпревар во новата година во Лигата на шампионите како дел од 11. коло.
Францускиот шампион уште од самиот старт тргна фуриозно па веќе на полувреме имаше позитива од осум гола 10-18. Во вториот дел Французите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 24-35. Јахја Омар и Шипжак со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Чоквебрадзе постигна пет гола.
До лесни победи стигнаа и Барселона и Алборг. Каталонците ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Пик Сегед 27-35, додека Алборг во скандинавското дерби славеше над Колштад со 36-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

