Килијан Мбапе го известил Пари Сен Жермен дека нема намера да го продолжи договорот. Според клаузулата тој има опција да го продолжи актуелниот договор на уште една година и во тој случај може да остане во Париз до 2025 година.
Мбапе не сака да го искористи тоаи се чини дека остануваат само две опции во оваа ситуација.
Едната е Мбапе да потпише сосема нов договор со ПСЖ. Тогаш секако би морале да му ја зголемат платата, а има и втора опција која веројатно нема да им се допадне на навивачите.
„ПСЖ нема апсолутно никаква намера да го загуби Мбапе без обештетување во летото 2024 година. Ова сега е ултиматум“, пушуваат француските медиуми..
Мбапе би можел да биде продаден, а единствениот преоден рок во кој ПСЖ би можел да заработи е летото што доаѓа.
Тоа значи дека лесно може да се случи Килијан да го смени клубот уште во 2023 година. Познато е дека Реал Мадрид од претходно беше најзаинтересиран за него, додека како кандидат во последно време се споменуваше и Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА