Францускиот првак Пари Сен Жермен со убедлива победа (3-0) над Ним ја стартуваше одбраната на шампионската круна. Во составот на гостите го немаше Влатко Стојановски кој ова лето од Ренова се пресели во францускиот прволигаш.
„Светците“ поведоа од пенал, со погодокот на Единсон Кавани во 24.минута. Килијан Мбапе на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Анхел Ди Марија во 69.минута од натпреварот.
ПСЖ веднаш е на врвот на табелата со идентична гол – разлика како и Лион, кој со 0-3 го совлада Монако на гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА