Преговорите помеѓи Килијан Мбапе и раководството на ПСЖ се во ќорсокак, тврдат француските медиуми. Се чини дека проблемот е нерешлив, и Французинот во 2024 година ќе си замине како слободен агент, освен ако Реал Мадрид не се вклучи и му понуди богат договор во овој предоен рок.
Ако се случи Мбапе да замине како слободен, тогаш на ПСЖ му се заканува финансиски колапс. Клубот покрај тоа што ќе заработи, оваа сезона сака да го продаде за да ги реши и проблемите со финансискиот фер-плеј. Самиот играч ветил дека нема да замине како слободен, но очигледно тоа нема да се случи.
Сега ПСЖ има две опции: да го продаде ова лето, или Мбапе да се согласи на клаузулата на продолжување на уште една година. Пред неколку дена излезе информација дека Мбапе наводно од Реал Мадрид бара голема плата, со што веројатно ќе се случи најлошото сценарио за Парижаните, а тоа е настап уште една сезона и потоа заминување без никакво обесштетување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА