ПСЖ тргна по Осимен, но не сака да ја плати клаузулата

ПСЖ се подготвува за бурен преоден рок во текот на летово, откако стана јасно дека Килијан Мбапе нема намера да потпише нов договор и како слободен играч ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

На францускиот првак му е јасно дека мора да доведе нов напаѓач од највисока класа, а на врвот на листата со желби се наоѓа Виктор Осимен. Нигериецот неодамна потпиша нов договор со Наполи, но во него има клаузула што му овозможува да си замине од клубот за сума од 130 милиони евра.

„Светците“ сакаат да го доведат Осимен како замена за Мбапе, но Насер ал Келаифи не сака да ја активира клаузулата, туку планира да ја спушти сумата што ја бара Де Лаурентис. Првата понуда на ПСЖ изнесувала 80 милиони евра и била експресно одбиена, но од Франција пристигнуваат најави дека „светците“ нема да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен. „Наполитанците“ најверојатно ќе го почекаат преодниот рок за да видат дали ќе има понуди од Премиер-лигата (Челси и Арсенал покажаа сериозен интерес) пред да влезат во следната фаза од преговори со ПСЖ и да дадат зелено светло за преселба на својот најдобар стрелец на „Паркот на принцевите“.

Се вчитува...