ПСЖ нема намера да отстапи од трката за потписот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Веќе се шпекулира дека „светците“ ја испратиле првата понуда која изнесува 110 милиони евра.
Сепак, тоа е далеку од она кое претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го бара за неговиот голгетер, а тоа е сума од 200 милиони евра. Де Лаурентис ги „подгреа“ надежите на ПСЖ за Осимен, откако пред неколку дена изјави дека само тој клуб може да ја плати отштетата за најдобриот стрелец во Серија „А“ минатата сезона.
ПСЖ му нудел наводно и плата од 12 милиони евра по сезона, што е речиси тројно повисока од онаа која ја зема во Наполи (4,5 милиони). Меѓутоа нема да има трансфер без согласност од Наполи. Сега се е во рацете на италијанскиот тим кој ќе одлучува дали за оваа сума ќе го пушти својот прв голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА