ПСЖ тргна по потписот на Душан Влаховиќ

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е на мета на францускиот шампион Пари Сен Жермен. Според познатиот новинар Фабрицио Романо, ПСЖ веќе некое време го следи Влаховиќ и сака да го доведе во своите редови.

На почетокот најмногу се зборуваше за Баерн Минхен, потоа актуелен беше и Челси, но сега се чини дека ПСЖ остана најконкретен кога е во прашање доведувањето на српскиот напаѓач.

Романо тврди дека Влаховиќ е подготвен да се пресели во Париз и дека сега останува на челниците на клубот да разговараат за српскиот фудбалер во своите редови.

Во случај Влаховиќ да се пресели во ПСЖ, Јувентус како негова замена го гледа Белгиецот Ромелу Лукаку.

Се вчитува...