Пари сен Жермен му дава можност на Арсен Венгер да се спаси од мизеријата во Арсенал нудејќи му на францускиот стратег камбек во татковината. Англискиот таблоид „Сан“ тврди дека раководството на францускиот шампион стапило во контакт со Венгер, нудејќи му на овој стручњак двогодишен договор на „Паркот на принцовите“.
„Светците“ го задржаа Унаи Емери по фијаското против Барселона, но генералното расположение во клубот е против шпанскиот стратег, кој не само што беше елиминиран од ЛШ, туку и тешко му оди борбата за титулата во домашното првенство. Токму затоа ПСЖ би сакал да го доведе Венгер на своето кормило, во обид и клубот, но и самиот Французин заедно да стигнат до првата европска титула во својата кариера.
Договорот на Арсен Венгер со „топчиите“ истекува на крајот од сезонава и се уште е неизвесно дали соработката ќе биде продолжена. Венгер по поразот од ВБА најави дека наскоро ќе ја обелодени својата одлука, a oстанува да се види дали понудата на ПСЖ ќе биде доволно интересна за да го убеди Франузинот да се врати во татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА