Манчестер Сити до почетокот на 2024 година нема да може да смета на услугите на Кевин де Брујне кој се рехабилитира од тешка повреда на листот поради која мораше да заврши и на операција.
Договорот на Белгиецот со шампионот на Премиерлигата е со важност до 2025 година, но неговата иднина на „Етихад“ ќе зависи од успешноста на рехабилитацијата, открија неодамна англиските медиуми. Тоа изразува незадоволство кај искусниот фудбалер од средниот ред кој е дел од тимот од 2015 година.
Целата ситуацијата сака да ја искористи ПСЖ кој е подготвен да ризикува и да започне преговори за негов трансфер уште во јануари, пренесуваат француските медиуми.
Де Брујне кој важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција долго време беше незаменлив дел од тимот на Манчестер Сити кој доминира во последните години. Белгиецот ги предводеше „граѓаните“ до пет шампионски титули во Премиерлигата, две во ФА Купот, пет во Лига Купот и по една во Комјунити шилдот и Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА