Францускиот првак Пари Сен Жермен во наредните три меча ќе биде без својата млада ѕвезда, Килијан Мбапе. Тој доби суспензија по црвениот картон што го заработи на натпреварот против Ним, што „светците“ го добија со 2-4. Мбапе беше испровоциран од противничките фудбалери и доби директен црвен картон, а тоа му донесе и забрана за настап на три натпревари од Дисциплинската комисија на федерацијата.
Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Сент Етјен, Рен и против Реимс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА