Екипата на ПСЖ низ целосна доминација, го доби дербито со Олимпик Марсеј, и му го нанесе првиот пораз во сезоната. На „Паркот на принцовите“ актуелниот француски првак славеше триумф од 4-0.
Победникот во голема мера беше решен уште по првиот дел. Хакими во 8. минута со прекрасен гол од слободен удар успеа да го открие резултатот, а Коло Муани во 37. минута да донесе предност од 2-0.
Претходно Мбапе мораше да го напушти теренот поради повреда, и на негово место да влезе Гонзало Рамош. И натаму не е позната тежината на повредата на француската ѕвезда.
Токму Рамош во 47. минута доенсе предност од 3-0 за „светците“, а конечните 4-0 ги постави истиот играч во 89. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА