ПСЖ 99% е во следната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва во првата фаза од плеј-офот лесно го победи тимот на Брест на гостувањето со убедливи 0-3. Тоа треба да биде доволно пред реваншот идната среда во Париз, и се чини дека големиот фаворит ќе нема никакви проблеми да се пласира меѓу најдобрите 16.
Доминацијата тимот на Луис Енрике ја материјализираше уште во првиот дел. Најпрво Витиња од пенал во 21. минута донесе предност, а Усман Дембеле во 45. минута од средбата зголеми на 0-2.
Иста слика и во вториот дел, фаворитот ја зголеми предност преку Дембеле, а истиот фудбалер имаше уште една голема шанса да донесе и поубедлива победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

