Пари сен Жермен е првиот финалист во лига-купот на Франција откако „светците“ вечерва рутински триумфираа со 2-3 на гостувањето против Рен.
Муние го доведе ПСЖ во водство во 24. минута, а клучен момент беше поништениот гол на домаќините во самиот финиш од првото полувреме што главниот судија најпрвин го призна, за потоа по прегледување на снимката со ВАР технологија да ја смени својата одлука. „Светците“ на стартот од второто полувреме набрзина поведоа со 0-3 преку Маркињос и Ло Челсо, а потоа во 63. минута црвен картон заработи Мбапе.
Рен тргна на се или ништо и успеа да постигне два гола, преку Сакхо и Прциќ, што сепак се покажа недоволно за изненадување против огромниот фаворит.
Во големото финале избраниците на Унаи Емери ќе се сретнат со победникот од дуелот Монако – Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА