ПСЖ завиен во црно: На 48 години почина член на медицинскиот тим

Европскиот првак ПСЖ објави ужасни вести. Физитерапевтот Седрик Дупуи, починал ненадејно на 48-годишна возраст. Тој беше дел од медицинскиот тим на младинските екипи на тимот од Париз.

„Со длабока тага дознавме за смртта на Седрик Дупуи, физотерапевт на клубот. Секогаш насмеан, внимателен и длабоко човечен, Седрик беше професионалец со златни раце, ценет од сите. Семејството Пари Сен Жермен испраќа најсикрено сочувство до неговите најблиски во овие болни моменти“, стои во соопштението од ПСЖ.

Се вчитува...