ПСЖ завиен во црно: Почина легендарен голгетер на клубот

Легендата на Пари Сен Жермен, Намбатинге Токоман, почина денес на 73-годишна возраст, објавија француските медиуми. Европските клупски шампиони исто така ја потврдија тажната вест, изразувајќи сочувство до семејството на поранешниот фудбалер.

Поранешниот напаѓач роден во Чад е една од првите легенди во историјата на парискиот клуб. Сепак, пред тоа, Токоман помина низ голем број други француски тимови: во Гренобл , Алби, Ница, Бордо, Стразбур, каде што стана шампион, и Валенсиен.

Токо, како што беше познат, запиша 171 натпревар со 43 гола за пет години во ПСЖ (1980 – 1985), по што ја заврши кариерата во Расинг Коломб 92.

Вкупно, тој одигра 360 натпревари во својата кариера и постигна 88 гола. Покрај титулата во Франција, поранешниот играч освои и два домашни купа со тимот на ПСЖ. Тој ќе остане во нивната историја како нивен прв стрелец на европските клупски турнири.

Се вчитува...