Македонскиот вицепрвак Вардар се подготвува за утрешниот реванш натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа. На арената „Филип Втори“ ќе гостува ерменскиот Пјуник, кој донесе и предност (1-0) од Ереван. Тој пораз беше кобен за Бобан Бабунски, па сега асистентот Александар Васоски ќе ја има палката за да го елиминира овој, реално, потпросечен европски ривал.
Вардар има многу поголем рејтинг, минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на Европа, но, и имаше катастрофален преоден рок. Заминаа многу фудбалери, токму носителите на играта, а дојдоа некои нови, недокажани имиња. Редно е да се докажат, под раководство на Тетовче…
И, пу, ако не му го можат на Пјуник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА