Мемфис Депај чекаше само на раскинот на договорот со Барселона за да се пресели во Јувентус, но овој трансфер нема да се реализира откако „старата дама“ се откажала од ангажманот на холандскиот интернационалец поради несериозноста што ја покажал во текот на преговорите.
Имено, личните договори беа договорени пред повеќе од една седмица, плата од пет милиони евра плус бонуси за наредните три години. Јувентус дури и се откажа од парите што Барса ги должи како бонуси од трансферот на Пјаниќ, за Депај да може да добие раскин на договорот и како слободен играч да дојде меѓу „црно-белите“.
Токму затоа, челниците на Јувентус останале шокирани кога Депај им соопштил дека сепак бара поголема плата, од над 6,5 милиони евра по сезона. „Старата дама“ експресно ги прекина сите преговори и погледите ги насочи кон други опции на пазарот, за ангажман на напаѓач кој би важел за резерва на Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

