Слободен удар за Леванте. Последна минута од мечот, а неговиот соиграч Иви побара да го изведе. Но, публиката почна да скандира „Барди, Барди“… Тренерот Хуан Муњиз покажа дека Барди треба да го изведе слободниот удар, затоа што тоа е негова обврска, тој е најголемиот мајстор.
Еден допир, и магија…Барди и се оддолжи на публиката за скандирањето на неговото име. По пет кола, веќе има три гола во Ла Лига, од кои два од слободен удар. Не е далеку од вистината влијателниот шпански спортски весник „Марка“, дека Барди е „новиот Дејвид Бекам“ во шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА