Публиката се враќа на спортските терени на отворено, со 30% исполнетост на капацитетот…

Комисијата за заразни болести денеска со официјален предлог до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот, меѓу кои и онаа околу организацијата на спортските натпревари.

Па, доставен е предлог спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

„Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до ГККШ ќе ги предложи следните олабавувања: Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“ – се предлозите од Комисијата за заразни болести.

Како што е познато, синоќа и македонската Влада одлучи да дозволи пријателскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Словенија, во рамките на подготовките за ЕВРО 2020, на 1. јуни да се игра со 30% исполнетост на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...