Женското финале на УС Опен имаше скандалозна завршница заокружена и со недоличното однесување на домашната публика на свечената церемонија при доделувањето на трофејот за победничката Наоми Осака.
Сосема јасно Американците беа на страна на Серена Вилијамс, но со оглед на фактот дека таа имаше конфликт со судијата а не со нејзината противничка, и американските медиуми го осудија однесувањето на публиката на свечената церемонија.
На срамен начин публиката ја исвиркуваше Осака на свечената церемонија, за да притоа се вмеша Серена која побара навивачите да се смират и да не го уништуваат најважниот момент во нејзината кариера…
From boos to cheers. An emotional and powerful moment for Naomi Osaka and Serena Williams at the US Open podium. (?⬆) pic.twitter.com/oTg6SORjXe
— ESPN (@espn) September 8, 2018
По мечот и Осака се огласи преку медиумите нагласувајќи дека ја почитува Вилијамс, и јасна и била желбата на Американците таа да победи, но титулите се добиваат на терен а не со притисок.
„Знам дека цел Њујорк и сите во САД сакаа таа да победи. Па, цел Њујорк беше со нејзини плакати. Но, трофеи се освојуваат на терен, а не со притисок. Мене ми е само жал што на тој начин заврши најголемиот успех во мојата кариера“ – истакна Осака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА