„Пука“ во ПСЖ по убедливиот пораз: Капитенот го нападна соиграчот (ВИДЕО)

ПСЖ во 2. коло во Лигата на шампионите доживеа дебакл на гостувањето кај Њукалс со 4-1. Со тоа се покажа дека на екипата ќе и биде многу тешко да дојде до трофејот кој му недостасува.

Францускиот првак не одигра добро, а сцената во вториот дел покажува дека работите во овој тим не функционираат на вистинскиот начин.

После слободен удар за Њукасл, играчите на ПСЖ се поставија во одбрана, а потоа дојде до караница меѓу Маркињос и Витиња. Капитенот го „искара“ својот соиграч, и му кажа каде да оди. Потоа го оттурна кон друго место на теренот, а оваа ситуација ја забележаа и камерите.

Се вчитува...