Пред почетокот на натпреварот меѓу Панатинаикос и АЕК Ларнака пред клупскиот стадион во Атина дошло до пукање во кое три лица се повредени, а 70 се уапсени. Инцидентот се случил пред почетокот на натпреварот, на улицата Тоша до стадионот, а според првите полициски извештаи дошло до судир меѓу организирани навивачки групи.
Сè ескалирало кога еден од навивачите извадил пиштол и застрелал човек во ногата. При понатамошната расправија, повредени се уште две лица – едниот е застрелан во стомакот, а другиот во раката.
Повредените се пренесени во болница, а по интервенција на полицијата уапсени се 70 лица. Според извештаите, голем број од уапсените претходно биле поврзани со инциденти на стадионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА