Напаѓачот на Челси, Кристофер Нкунку поднел барање за напуштање на клубот ова лето, со што веднаш ќе биде ставен на трансфер листа. Откако дојде на „Стемфорд Бриџ“ за 2 години, Нкунку одигра 38 натпревари, и постигна само шест голови во Премиерлигата.
Нкунку на крајот би можел да се врати во Германија, во тимот на Лајпциг каде настапуваше од 2019 до 2023 година, и одигра преку 150 натпревари. Претходно беше дел од ПСЖ.
Исто така заинтересирани тимови се уште и Њукасл, Тотенхем и дел од италијанските клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

