Карим Бензема настојува што поскоро да ја заврши својата авантура во Ал Итихад откако поранешниот ас на Реал Мадрид побарал да не биде во тимот за денешниот меч со Ал Фатех.
Французинот важи за најдобар напаѓач на својот тим, тој е лидер на Ал Итихад во последните години по трансферот од Реал Мадрид, но Бензема веќе почна да ги пакува куферите. Информациите од Саудиска Арабија велат дека тој останал разочаран од последната понуда што ја добил за продолжување на соработката со клубот.
Дури и навреден, Французинот испратил порака дека повеќе нема да игра, барајќи од тренерот Консеисао воопшто да не го вклучи во списокот на играчи за Ал Фатех.
Целта е јасна, на три дена пред крајот на преодниот рок во европските лиги Бензема ќе стори се за да се врати што поскоро на „стариот континент“, а челниците на Ал Итихад наводно се расположени за ваков расплет, исто како што тоа е случај и со Канте кој е блиску до преселба во Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

