Контроверзната сопруга на Мауро Икарди, Ванда повеќе не може да издржи во бракот со фудбалерот и е подготвена за развод, барем така се чини по снимката која се појави на социјалните мрежи.
Веќе една година, нивниот брак е на „стаклени нозе“ откако Ванда го фати Мауро Икардо во прељуба, но се чини дека сега навистина е крај. Таа ѝ испратила порака на Кармен, извесна жена која ја оставила на својот имот во Италија и на неа се убаво се слуша.
„Кармен, дојдов во Аргентина да го завршам разводот со Мауро. Ќе останам неколку дена и потоа ќе се вратам да ти донесам билет и се што треба. Се организирам за развод бидејќи не можам повеќе да издржам“, се слуша Ванда која ѝ се обраќа на жената.
Се се случило синоќа, а Ванда од Инстаграм веќе го избришала презимето Икарди и го ставила старото – Нара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА