Пукна тиквата кај Словенците: Прашајте го селекторот…

Еден пораз беше доволен за да биде нарушена атмосферата во редовите на европскиот првак Словенија, откако оваа селекција претрпе изненадувачки пораз од селекцијата на БиХ во третото коло од Евробаскет.

Искусниот Горан Драгиќ се врати во националниот тим за да помогне во одбраната на златото, но токму овој плејмејкер беше најгласен во изразеното незадоволство од играта и резултатот против БиХ.

„Моравме да го добиеме овој меч, но тоа не се случи. Не бевме доволно добри, а против себе имавме помотивирана селекција. Зошто играв толку малку во втората четвртина, за тоа ќе треба да го прашате селекторот“, изјави Драгиќ.

Се вчитува...