Пукна тиквата: Лопетеги си замина од Вулверхемптон

Новата сезона во Премиер-лигата ќе стартува викендов, а челнциите на Вулверхемптон на само неколку дена пред стартот се решија за неочекуван потег – разделба од тренерот Хулен Лопетеги.

Шпанскиот стратег дојде на чело на „волците“ на средина од ланската сезона, успеа да обезбеди опстанок и да го освои 13. место на табелата, но летово Лопетеги отворено ги критикуваше газдите за неисполнетите ветувања. Тој беше незадоволен што наместо да носи нови засилувања, Вулверхемптон ги продава своите најдобри играчи од ланската сезона, влезе во отворен конфликт со клупските челници што на крајот резултираше со спогодбен прекин на соработката.

Главен фаворит за негов наследник е Гери О’Нил, младиот стручњак кој минатата сезона го спаси Борнмут да остане во Премиер-лигата, но летово неочекувано беше сменет од функцијата.

Вулверхемптон во првото коло од новата сезона ќе му гостува на Манчестер Јунајтед, меч што е закажан за понеделник.

Се вчитува...