Врската меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен тотално пукнала, а Французинот тотално е разочаран од сето тоа што се случува во соблекувалната на францускиот шампион.
Иако целата мината сезона Мбапе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, тој на крајот одлучи да остане во главниот град на Франција. Од претходно познато е дека тој не се сложува најдобро со јужно-американската екипа предводена од Нејмар и Меси, но некако раководството на клубот успеа да го убеди да остане во Париз.
Сепак, како што пренесуваат поголем дел од европските медиуми веќе пукнала врската и меѓу одличниот напаѓач и раководсвото. Мбапе буквално не разговара со никого во соблекувалната, а веќе нема добар однос ни со раководните лица во клубот.
И покрај тоа што има активен договор до 2025, ова најверојатно ќе биде последна сезона за Французинот во дресот на ПСЖ, а веќе летово ќе бара нова дестинација каде ќе ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА