Пукна тиквата: Раиола се скара со Јунајтед – поради Погба

Одличниот однос на управата на Манчестер јунајтед со Мино Раиола им донесе на „црвените ѓаволи“ неколку врвни засилувања кои ги бараше половина Европа во последните години. Сепак, на идилата и дојде крајот откако „пукна тиквата“ меѓу еден од најдобрите светски агенти и најтрофејниот англиски клуб, и тоа поради Пол Погба.

Французинот не крие дека е несреќен во Манчестер, а Раиола како негов агент веќе ја почнал потрагата по нов клуб. Услугите на Погба се веќе понудени на Реал Мадрид и Јувентус, а „ѓаволите“ се дополнително разочарани поради фактот дека Раиола отворено го критикува Жозе Мурињо како директен виновник за слабата форма на неговиот клиент.

Самиот Раиола е свесен дека влијанието во јунајтед му се намалува откако беше продаден Мхитаријан, на излезна врата се наоѓа и Ибрахимовиќ, како и резервниот голман Ромеро. Ако се реализираат и најавите за заминување на Погба, тогаш единствено Лукаку ќе остане на „Олд трафорд“ од бројните ѕвезди на Мино Раиола, кој ќе се обиде да си создаде „база“ во некој друг европски гигант.

Се вчитува...