Пукна тиквата: Роналдо си заминува од Ал-Наср

Кристијано Роналдо наводно сака да го напушти Ал Наср само неколку месеци по неговото преминување во саудискиот клуб од Манчестер Јунајтед.

Португалската суперѕвезда во меѓусебен договор се согласи да го раскине договорот со Јунајтед по неговото  интервју со Пирс Морган.

Потоа, 38-годишниот фудбалер се согласи на договор од 175 милиони фунти годишно до 2025 година со гигантот од Саудиска Арабија.

Меѓутоа, сега се чини дека Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Роналдо улога како амбасадор во клубот, која Португалецот е подготвен да ја прифати.

„Флорентино Перез гарантира дека на Роналдо нема да му недостига работа на Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми.

Роналдо е незадоволен во Ал Наср откако ги загуби шансите за освојување трофеј на сезоната, а и покрај големите пари кои ги заработува, тој не е среќен во Саудиска Арабија бидејќи не е доволно застапен во светските медиуми.

Се вчитува...