„Пукна тиквата“ во Баерн – големиот ас сака да си замине

Томас Милер повеќе не крие – тој не е задоволен од премалата минутажа што ја добива во Баерн Минхен и веќе најави заминување од „Алијанц Арена“. Германскиот ас и лани не беше најстандарден кај Нико Ковач, а улогата уште повеќе му е лимитирана со доаѓањето на Филипе Кутињо.

Најдобар доказ за ова е фактот дека на последните пет средби на Баерн тој има одиграно вкупно 66 минути, по што на Милер полека, но сигурно му станува јасно дека за него веќе нема иднина во дресот на баварскиот гигант. Весникот „Билд“ тврди дека Милер нема намера да излегува и јавно да го критикува тренерот, но веќе почнал разговори со за да му биде дозволено да ги промени клупските бои, веќе во јануари или најдоцна во текот на летото.

Одличниот офанзивец ја мина целата кариера во дресот на Баерн, со овој клуб освои се што можеше да се освои, но улогата на „недопирлив“ ја загуби со доаѓањето на Нико Ковач на тренерската позиција. Поради премалата минутажа дури и управата на Баерн ги прекина преговорите за нов договор. Со оглед на фактот дека актуелниот истекува во јуни 2021 година, јасно е дека и баварскиот гигант ќе се обиде да го продаде Милер во еден од следните два преодни рока, за да не го загуби бесплатно на крајот од договорот.

Се вчитува...