„Пукна тиквата“ во Барселона: Миротиќ во конфликт со тренерот Јасикевичиус

Катастрофалниот финиш на сезоната на Барселона предизвика да дојде и до „војна“ во таборот на каталонскиот гигант, откако Никола Миротиќ јавно се спротивстави на коментарите на тренерот Шарунас Јасикевичиус, кој тврдеше дека неуспесите се должат на „недостиг на победнички карактер во тимот“.

Барса загуби од Реал Мадрид во полуфиналето од Евролигата, а каталонците беа поразени од вечниот ривал и во финалната серија од АЦБ-лигата, останувајќи само со трофеј од Купот на Шпанија, премалку за тим со буџет, квалитетни играчи и тренер како каталонскиот гигант.

„Оваа сезона е голем неуспех, тука нема никаква дилема. Сепак, не се согласувам дека проблемот лежи во недостиг на тимски карактер и тимска хемија. Ние секогаш даваме се од себе за да играме во системот што тренерот го бара од нас. Секако, се случува да згрешиме, но тоа е составен дел од играта. Не ми се допаѓа што вината се бара меѓу играчите, јас имам свој став на оваа тема, но подетално ќе го кажам пред одговорните лица, па да видиме што ќе се случи“, истакна Миротиќ.

Се вчитува...