Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед би можела да тргне на уште полошо по последните информации дека Рубен Аморим сериозно се кае за донесениот избор при заминувањето од Спортинг, по што португалскиот стручњак сега сериозно размислува самиот да си поднесе оставка и да си замине од „Олд Трафорд“.
Аморим беше пречекан како спасител кога дојде на местото на Ерик тен Хаг, но тој не само што не ја крена формата на екипата, туку резултатската криза уште повеќе се продлабочи. Португалецот очекуваше поддршка од управата во јануарскиот преоден рок, нешто што му било веетено при самите преговори, но Аморим на крајот мораше да се задоволи само со левиот бек Доргу од Лече како засилување на почетокот од новата година.
Фактот дека клубот упорно се жали дека е во финансиска криза, поради што ги зголеми влезниците на сезонските билети, а во меѓувреме и отпушти над 100 вработени во клупската администрација не му дава верба на Португалецот дека состојбата наскоро ќе биде стабилизирана, па токму затоа тој се посериозно размислува самиот да го напушти бродот што тоне.
„Јунајтед е светлосни години зад англиската фудбалска елита. Луѓето гледаа во Џим Ретклиф со огромна верба дека ќе ги смени работите, сега на сите им е јасно дека газдата не знае што да направи следно, освен да отпушти нови вредни работници. Дури и тренерот што го избра не сака да биде повеќе во клубот“, напиша фудбалскиот аналитичар Ричард Кис во својата најнова колумна посветена на паднатиот гигант од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

