Милан стигна до голема победа во градското дерби против Интер славејќи на „гостински“ терен со 0-1 во 12. коло.
Стрелец на победоносниот гол беше Кристијан Пулишиќ кој ја затресе мрежата во 54. минута од средбата. Интер имаше шанса да изедначи преку Чалханоглу, но турскиот фудбалер промаши пенал во 74. минута.
Со овој триумф Милан се искачи на втората позиција на табелата со 25 освоени бодови, исто колку што има и Наполи, додека Интер падна на четвртата позиција на табелата со само бод помалку.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

