Пулишиќ и Рајндерс донесоа пресврт победа на Милан против Комо

Милан стигна до вториот тирумф во низа во Серија А откако во 29. коло славеше на домашен терен против Комо со 2-1 и тоа по целосен пресврт во второто полувреме.

Да Куња со гол во 33. минута донесе предност на гостите која пак траеше се до 53. минута кога Пулишиќ изедначи на 1-1. Пресвртот го комплетираше Рајндерс во 75. минута.

Со овој триумф Милан се искачи на седмата позиција на табелата со 47 освоени бодови, но и натпревар повеќе до сега престигнатите Рома и Фиорентина. Комо со 29 бодови останува на 13. позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...