Милан триумфално ја заврши оваа 2023 година откако „росонерите“ вечерва по голема борба славеа над Сасуоло со минимални 1-0. Кризата во играта на екс-шампионот се уште е очигледна, но „росонерите“ повторно на помош го имаа Кристијан Пулишиќ, кој одлично се снајде во второто полувреме постигнувајќи го победничкиот тим за својот тим, за четврти домашен триумф во низа на „росонерите“.
Пиоли се реши за вообичаената формација кога станува збор за нападот, со Леао, Пулишиќ и Жиру како офанзивно трио помогнато од Рајндерс и од Лофтус Чик, но „росонерите“ се мачеа да издоминираат на средината од теренот и да создадат стопроцентна шанса во првото полувреме. На одмор се замина со 0-0, а на крајот решавачка се покажа 59. минута, кога Пулишиќ мајсторски го матираше голманот на Сасуоло
„Росонерите“ со овој триумф се зацврстија на третото место со 36 освоени бода, сега со девет бода заостанување зад лидерот Интер по синоќешното реми на „нероаѕурите“ против Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА