Еден од најдобрите млади фудбалери, Кристијан Пулишиќ од сезонава е член на Челси, откако премина од германската Борусија Дортмунд.
Интересот за младиот американски фудбалер бил огромен, а дел од заинтересираните за неговите услуги бил и Манчестер Јунајтед, но трансферот поради една причина не бил возможен. Еден од првите тренери на Пулишиќ, Робин Вокер изјави дека тој не преминал во Јунајтед, бидејќи татко му не можел да го поднесе Жозе Мурињо кој во тоа време беше на клупата на „црвените-ѓаволи“.
„Тој не отиде во Манчестер Јунајтед поради Мурињо. Неговиот татко не можеше да го поднесе Мурињо, бидејќи не им даваше шанса на младите фудбалери“, изјави Вокер.
Пулишиќ нема баш најдобар старт за екипата на Челси, бидејќи неговиот тим се уште нема победа во новата сезона, а во првото коло Премиер-лигата беше декласиран токму од Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА