Пулишиќ од лето на „Вајт харт лејн“?

Тотенхем следната сезона дефинитивно ќе игра во Лигата на шампионите, а менаџерот Маурисио Покетино сака да го засили својот тим со млада крв од Бундес-лигата. Стратегот кој му даде вистинска шанса на Хари Кејн, го ’измисли’ Деле Али, ги доведе Сон и Ерик Даер, сега го „мерка“ младиот американски фудбалер Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. Тој има само 18 години, а веќе е доволно зрел за да решава натпревари во Бундес-лигата и Покетино смета дека би бил идеално засилување за Тотенхем.

Пулишиќ оваа сезона одигра 34 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд во сите конкуренции, постигна пет гола и запиша седум асистенции. Тотенхем е подготвен за него да плати околу 50 милиони евра.

Се вчитува...